Јовановиќ: Mерката за „МОЈ ДДВ“ е многу лоша, а најмногу корист од тоа ќе имаат богатите

 

Новиот пакет мерки за помош на економијата се краткорочни и еднорочни мерки кои се проблематични по повеќе основи, вели поранешениот советник на министерот за финансии Бранимир Јовановиќ за ТВ 21, додавајќи дека повторно се пропушта шансата за да се решат суштинските проблеми на граѓаните кои се наталожиле со години.

Оваа држава требаше системски да ги заштите луѓето кои беа погодени од корона кризата, така што според него мерката за „МОЈ ДДВ“ е многу лоша бидејќи со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист од тоа ќе имаат богатите.

-Мерката исто така претставува и своевидна легализација на сивата економија односно на даночната енвазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок. Проблематична е мерката и за надоместок за луѓето кои останаа без работа два месеца. Наместо владата да ги опфати со системот тие работници, им вика дека ќе добијат надоместок само два месеци- истакна Бранимир Јовановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега