Метеоролозите најавуваат неверојатно топла недела

Во Македонија во среда во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 2°С до 12°С,  а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°С односно до 28°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во Скопје во среда ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 8°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°С.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб источен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 13°С, а максималните дневни температури од  19°С до 27°С. 

Во текот на ноќта ќе има појава на магла. 

Во петок во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 3°С до 13°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°С односно до 28°С. 

Во текот на ноќта ќе има појава на магла.

22.10.2013 - 22:17

најчитано сега