Finance Think: Ребалансот очекуван, но донесен со значајно задоцнување

 Ребалансот на Буџетот што Владата го усвои на 15-ти овој месец за „Finance Think“ е очекуван, но донесен со значајно задоцнување, во контекст на потребата тој да ја демонстрира посветеноста на Владата кон кратење на сите неподуктивни трошења и трошења што изгубија приоритет во контекст на кризната состојба.

Во објавениот коментар денеска „Finance Think“ истакнува дека ревидираната проекција за пад на економијата од 3,4 отсто е коректна и во линија со предвидувањето на „Finance Think“ од 11 април 2020. Сепак, сметат дека оваа стапка е со понатамошни надолни ризици, што негативно може да се рефлектира и врз приходната страна на буџетот во третиот и четвртиот квартал, што може да предизвика потреба од втор ребаланс.

Finance Think посочува дека падот на даночните приходи е резултат на намалената економска активност, но оти истовремено, ризикот од пораст на даночната евазија е нагласен. Оттука, според нив, неопходно е во следниот период фокусот да се стави врз засилена контрола и санкционирање наданочната евазија.

За буџетскиот дефицит сметаат дека е очекуван и е директен резултат на негативните последици врзекономијата од појавата на Ковид-19. – Тоа наметнува и потреба за изготвување оптимален план за негово финансирање во тековната година, но и редизајнирање на планот за среднорочно финансирање на јавниот долг. Неминовно, задоволувањето на оваа голема потреба од финансирање ќе ја наметне ипотребата да се дискутира за ревидирање на даночни стапки по стивнувањето на првиот ударна кризата, наведуваат оттаму.

За расходите наменети за Ковид-19, сметаат дека се коректно димензионирани, кратењето на вкупните расходи е недоволно, а приоритизацијата во намалувањето на трошењата во зависност од нивното развојно значење не е рефлектирана во ребалансот на буџетот. Напротив, очигледниот напор да не сескратат ставки на тековни трошења, од кои дел се сметаат за непродуктивни, може да се толкувакако предизборен.

Посочуваат дека имајќи ја предвид кризната состојба, кратењето на непродуктивните трошоци треба да биде радикално и одлучно, не само за да осигура фискален простор за финансирање на мерките сврзани со Ковид-19, туку и да испрати јасен сигнал кон економските агенти дека државата води посветена и конзистентна фискална политика во услови на криза.

Од „Finance Think“ во коментарот наведуваат дека за очекување е дека поради воведенитерестриктивни мерки и новонастанатата кризна состојба, активностите за реализација на дел од капиталните расходи ќе забават. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега