Сугарески: Со силно темпо се работи на сите капитални проекти низ државата

Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски од почетокот на годинава досега изнесува 15 отсто, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на изведба на градежните работи на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес на регионалниот пат Велес-Градско.

–Со силно темпо се работи на сите капитални проекти низ државата, како во делот на комуналната мрежа, гасификацијата, изградбата на социјални станови и железничкото поврзување на земјата, така и во делот на патната инфраструктура, изјави министерот Сугарески.

Тој информира дека ги започнале постапките за изградба на магистрален гасовод од Велес до Свети Николе.

–Проектот ќе биде финансиран со кредит од ЕБОР, па затоа многу ни е важно да имаме избори и да се формира Парламентот, за да може преку закон да се обезбедат средства како за овој капитален проект, така и за други проекти од огромно значење за граѓаните и за економијата во целост, потенцира Сугарески.

Тој информира дека Министерството работи на подобрување на состојбата со целокупната патна мрежа низ државата, а Велес е град кој максимално ги користи средствата за капитални проекти.

Потсети дека во соработка со локалната власт со Општина Велес,  Министерството работи на санација на водоводната и канализациската мрежа низ 12 велешки улици проект вреден над 600 илјади евра.

– Исто така, во текот на месец јуни ќе започне изградбата на  систем за снабдување со вода за населените места: Раштани и Бузалково, информира Сугарески.

Дададе дека  во фаза на подготовка е и основен проект за изградба на 29 социјални станови во Велес.

Тој информира дека во делот на патната инфраструктура, ЈП за државни патишта реализира неколку проекти за подобрување на патната мрежа во Велес и околината, а преку Министерството за траснпорт и врски се  обезбедени милион евра за санација на улици и локални патишта во општината.

– Посветено работиме на унапредување на овој регион и планираме нови проекти во Чашка, Богомила, Градско, Велес и другите населени места, инвестирајќи преку 70 милиони евра, информира Сугарески.

Директорот на ЈПДП Зоран  Китанов воедно информира дека веднаш во јуни ќе се објави тендерот за проект изготвен минатата година  за  рехабилитација на регионалниот пат од Велес  до Градско и понатаму до Неготино.

Тој информира дека во поширокиот регион на Велес почнува или ќе започне рехабилитацијата на патот  Голозинци крстосница Горно Врановци, потоа Стари Град крстосница Богомила, Богомила-Црнилиште, Оморани-Теово.

Воедно пред околу еден месец на излезот Велес-југ кон автопатот  првпат е поставено најсовремено  осветлување со лед диоди  со канделабри во должина од четири километри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега