Бундеслигаш постави картони место публика

Речиси 13.000 картони со ликови на навивачи на Борусија Менхенгладбах се поставени на трибините за натпреварот со Баер Леверкузен во германската Бундеслига.

-Ова е убава акција која ќе направи одредена атмосфера на стадион. Дури и ако е истовремено потсетник оти фубалот без навивачи не е ист, истакна спортскиот директор на клубот, Макс Еберл.

Германското првенство продолжи минатиот викенд по повеќе од два месеци пауза поради пандемијата од коронавирусот, но натпреварите се играат без публика.

Акцијата ја поддржа и тренерот на Борусија, Марко Розе.

-Тоа е фантастично. Навистино имаме впечаток дека не сме сами кога тренираме на стадионот, истакна Розе.

Борусија Менхенгладбах е трет на табелата со шест бодови помалку од водечкиот Баерн Минхен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега