Костадинов за обвинувањата за изборен поткуп: Институциите нека истражат

ортпаролот на СДСМ Костадин Костадинов реагира на обвинувањата на Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ која на прес-конференција обвини дека власта дели хуманитарни пакети во Струмица и врши изборен поткуп

Костадинов ги повика институциите да го истражат случајот, за како што вели, да се докаже дека „освен помош на граѓаните нема ништо друго“.

„ Покрај сите хајки, покрај сите малтретирања на младите волонтери кои помагаат во овие тешки моменти, на оние на кои им е најпотребно, ВМРО-ДПМНЕ сега преку кандидатката за пратеник од Струмица, дополнително ја подгрева и така вшештената ситуација Иако на сите им е јасно, сепак јас сум должен да прашам уште еднаш. Зошто како кандидатка за пратеник, не се вклучи во хуманитарната акција, доколку не сака да донира, можела кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи и да волонтира? Но јасно е, не им е до луѓето до парите им е. Кога сме веќе кај институциите еве и јас апелирам, слободно нека се истера работата до крај, за да конечно и на вас ви се докаже дека освен помош на нашите сограѓани друго нема ништо .Се надевам откако ќе завршат со овој случај, институциите ќе се позанимаваат и со потеклото на имотот на кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“ порача Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега