Јанушев: Квази мерките на власта не им помагаат во справување со вирусот, па за тоа ги обвинуваат граѓаните

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Детектор“ посочи дека власта бидејќи е неспособна да преземе корисни мерки и да ја послуша опозицијата, тогаш имаме квази мерки.  Tие квази мерки, рече, кога нема да родат со плод тогаш власта ги обвинува граѓаните и опозицијата.

-Да се споредуваме со останатите држави мислам дека не држи вода. Не знам веќе колку пати го повторив ова, сите се обидувате во власта да го игнорирате. Имаме дупло повеќе број на починати од Србија. Во Србија на еден милион има некаде околу 25 починати во просек. А, кај нас се над 50, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека иако власта кажува дека условите се исти, не се исти за жал. Во Србија неколку пати повеќе се тестира отколку во Македонија. И бројот на заразени е многу помал од кај нас во Македонија.

-Така да таквите споредби не држат вода. Дотолку повеќе не држат вода што 21 држава во Европа има одложено или откажано избори, референдуми, без разлика што се и кој тип на избори се. Сакам да кажам дејствијата се исти, идење, гласање, определување, појасни Јанушев.

Јанушев истакна дека во светот околу 54 држави ги имаат одложено изборите.

-Она што цело време го кажуваме впрочем се покажува и на анкетите односно мислењето на граѓаните. Нашиот прв предлог за избори август односно септември се потврдува со мислењето на граѓаните. А, од друга страна гледаме дека граѓаните очекуваат намалување на рестриктивните мерки, истовремено гледаме како владата ги засилува рестриктивните мерки, нагласи Јанушев.

Јанушев образложи дека Владата не е способна да се бори со ситуацијава како што треба. Мерките што ги има предложено владата не даваат резултати, рече тој и додаде дека ова не се мерки туку квази мерки во секој поглед и на здравствено, образовно поле.

-Власта ги обвинува граѓаните дека не се придружуваат кон мерките, граѓаните се виновни. Значи затворете ги граѓаните неколку месеци дома, не им давајте ништо да прават, притоа не ги преземајте мерките што треба да ги преземете со индигација одбивајте ги предлозите на опозицијата. Бидејќи вие сте власт и се знаете. А, истовремено ништо не правите. И на крај кога тоа ништо не дава со плод, граѓаните се виновни, граѓаните не се придружуваат кон мерките, рече Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега