ВМРО-ДПМНЕ: Промашените мерки и промашената стратегија на Владата се плаќаат со чoвечки животи

Неспособноста на Владата се повеќе се гледа. Македонија во последно деноноќие има 37 новозаболени, а Словенија 4 дена по ред нема заболен од Ковид-19, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение утринава.

Од партијата наведуваат дека Република Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регинот.

„Додека во регионот државите се фалат како неколку денови немаат новозаразени, Македонија е на врвот по заразени.

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот. Освен тоа Словенија прогласи пред некое време и крај на корона кризата.

Во Хрватска последното деноноќие имаат само еден новозаболен од Ковид-19.

Кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482.

Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија сеуште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација  и изолација.

Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев.

Сето ова се должи на задоцнети и несоодветни мерки.

Се поочигледно е дека Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот.

 

Со СДСМ и Заев единствено добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.“ се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега