Николовски: Со пакетот економски мерки на СДСМ се намалуваат трошоците на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец

Третиот пакет на економски мерки усвоен од страна на Владата предводена од СДСМ дава голема поддршка на македонското земјоделство. Веќе 5 милиони евра нови средства се на располагање на сите наши земјоделци како евтини и повилни кредити преку Развојната банка на РСМ, рече на прес конференција Љупчо Николковски ,генералниот секретар на СДСМ

 
 „Ја зголемивме поддршката и за субвенционирање на трошоци за зелена нафта за механизација, односно ако минатата година ги покривавме трошоците до 30%, оваа година таа поддршка е зголемена до 50%. Тоа се 5 милиони евра за 50.000 земјоделци преку оваа мерка.
 
 Обезбедивме 50 милиони евра преку кредит на Светска банка за модернизација на македонското земјоделство, односно 50 милиони евра за модернизација на постојни и изградба на нови модерни откупно-дистрибутивни центри во повеќе региони во државата, кадешто е најголемо замјоделското производство. 
 
Го ставаме во функција целокупното обработиливо земјоделско земјиште и тоа преку окрупнување, но и преку можност за продажба. Тоа значи сигурност за земјоделците и агро-бизнисмените и нови инвестиции во земјоделството. 500.000 хектари пасишта ги ставаме во функција на сточарството, преку можност за склучување на договори за долгорочен закуп на пасиштата. 
 
Исто така, имаме и нова мерка за поддршка и развој на малите семејни фарми и на малите винарии, преку грантови од 10.000 евра.
 
 Почитувани граѓани, ние продолжуваме со безрезервна поддршка на македонското земјоделство и на македонските земјоделци.
 
 Тоа значи силна поддршка за стабилизирање и раст на македонската економија“ рече Николовски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега