Уживајте во топлото сонце

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. По котлините во утринските часови ќе има и појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 21 до 26 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура околу шест и со дневна до 23 степени.

И во наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со слаб до умерен ветер од јужен правец и со слаба утринска магла по котлините. Температурите нема да бележат значителна промена како утринските, така и дневните.

23.10.2013 - 10:06

најчитано сега