Ако планирате да влегувате во автомобил еве што ве очекува на патиштата низ Македонија

Сообраќајот на патиштата низ се одвива непречено, по суви коловози со среден и умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

ОД АМСАМ потсетуваат дека веќе започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково, а нН патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и е регулиран со поставена соодветна патна сигнализација. Воведена е и времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово.

23.10.2013 - 10:08

најчитано сега