Вељаноски го честита Денот на македонската револуционерна борба

Спикерот Трајко Вељаноски на граѓаните на Република Македонија им го честита 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

- Денес е денот кога го чуствуваме духот од револуцијата и го живееме моментот кога една организација пред 120 години имаше една цел, да ја сплоти исконската желба за слобода на Македонија и македонскиот народ. Македонската револуционерна организација ги напиша страниците на славната историја со крв и саможртва, и прати јасна порака до сите дека македонскиот народ е спремен и преку смртта да ја создава слободата, вели во честитката Вељаноски.

Со ова нивно дело, како што нагласува, несомнено нашата историја ја добива смислата за македонскиот непокор, и за револуционерната борба, која треба да создаде слобода, култура и вредности.

- Сите понатамошни македонски револуции и народни востанија ќе почиваат на овој пример. Како народ треба да бидеме горди на оваа организација, која во македонскиот народ поттикна голема храброст, одлучност и визија за сопствена и слободна татковина. Ова дело во нас остави длабока трага и обрвска да ја чуваме слободата и независноста на Република Македонија, и да изградиме силна држава, развиено демократско и економски просперитетно општество, истакнува Вељаноски во честитката по повод Денот на македонската револуционерна борба.

23.10.2013 - 10:27

најчитано сега