Груевски ќе положи цвеќе на споменикот на Основачите на ВМРО

По повод одбележување на Денот на македонската револуционерна борба, владина делегација на чело со македонскиот премиер Никола Груевски, денеска во 11:45 часот ќе присуствува на положување на свежо цвеќе на споменикот на Основачите на ВМРО.

Потоа, најавуваат од македонската Влада, Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка „25 Мај“, објект „Морковче“, во близина на ОУ „Његош“, во Колонија, општина Гази Баба.

 

23.10.2013 - 11:12

најчитано сега