Шилегов: Граѓаните да ги почитуваат мерките при движење на јавен простор

 

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска упати апел сите граѓани при движење на јавните места да се придржуваат до препораките и протоколите од Министерството за здравство, односно да ја почитуваат социјалната дистанца и да носат маска.

Прашан колку се почитува носењето маски и одржување дистанца во автобусите, Шилегов на денешната прес-конференција појасни дека проблемот со епидемијата уште не е надминат, и според него не постои институција која може да ги пропише мерките кои ќе гарантираат безбедност, доколку секој од граѓаните поединечно не партиципира со својот дел од обврската.

Шилегов истакна полицијата треба да постапи сериозно во однос на рестриктивните мерки.

-Јас во неколку наврати во делот на социјално однесување меѓутоа и во неспроведувањето на рестриктивните политики од страна на Министерството за внатрешни работи имам дадено сериозни изјави, стојам зад нив. Особено што денешниот број на заразени повторно за жал расте што се должи на две работи, прво се создаде лажна атмосфера во општеството дека проблемот со епидемија е надминат, а не е. Добар дел од тоа се должи на несреќните изјави на министерот за внатрешни работи и непостапувањето на полицијата во однос на ретсриктивните мерки, рече Шилегов.

Според него, непочитувањето на протоколи ќе не врати назад во услови на карантин и полициски часови, и токму затоа апелира секој да се придржува на препораките и протколите од здравствените работници.

-Граѓаните мора да се внимаваат, а институциите мора да започнат да го работат она што е во системот на законите и во општествениот и јавен систем. Не смееме да се опуштаме. Мене ме загрижуваат вчерашните слики од отворените ресторани и инсистирам надлежните органи, пред се МВР, но и инспекциските служби кои се најнадлежни да бидат сериозно рестриктивни кон сопствениците на објектите за почитување на мерките за социјална дистанца, додаде Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега