Сензација: Дечкото на Шарапова го испрати Ѓоковиќ дома

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го направи најголемото изненадување на Мастерсот во Мадрид откако во меч од 2.коло го елиминира најдобриот светски играч Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови.

Мечот траеше 3 часа и 4 минути, а Бугаринот Димитров го доби првиот сет со 7:6 (8:6 во тај брекот). На ист начин врати и Ѓоковиќ во вториот сет 7:6 (10:8 во тај брек). Во третиот сет Димитров на почетокот направи брејк и го доби сетот со 6:3 и воедно го елиминира првиот носител.

И двајцата тенисери имаа здравствени проблеми во текот на мечот. Во вториот сет Ѓоковиќ повторно го повреди зглобот, додека Димитров во завршницата на вториот сет имаше грчеви.