ПОЦ: Минатата недела санкционирани 132 непрописно паркирани возила

 ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционирале 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 25 мај до 31 мај 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 65 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП ПОЦ.

Оттаму посочуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на Општина Центар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега