Српскиот епидемиолог Кон: Крајот на епидемијата е близу- чекаме да се појави нулата

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека „објективно веќе не сме во епидемија“ на коронавирусот, дека крајот на епидемијата веќе дошол и дека Србија „влегува во период кога се очекува тој да почне да се појавува повремено и да се појави нула“

„Во следните две недели треба полека да се угаси, да се појави нула. Може да се случи да не се појави толку брзо. Ние повеќе не сме во класична епидемија“, рече Кон за Радио-телевизија Србија.

Тој посочи дека е потребно 28 дена да не се регистрира случај на заболување за да може да се одјави епидемијата.

Кон смета дека колективниот имунитет не е еднаков во сите делови на Србија.

„Мислам дека не е изразено висок затоа што напорно работевме на заштита за да ја спречиме епидемијата“, рече Кон.

Тој рече дека Градскиот институт за јавно здравје во Белград добил писмо дека ќе може да ги тестира граѓаните на Србија што по свое лично барање сакаат да бидат тестирани и да откријат дали имаат антитела на коронавирусот. Станува збор за брзи тестови што откриваат присуство на антитела од класите ИГМ и ИГГ.

„Најпаметната препорака е на оној што има некаков наод, било едниот било другиот или само една класа, наодот да му го протолкува еден од трите специјалисти - инфектолог, имунолог или виролог“, објави Кон.

Кон рече дека објективно, ова комерцијално тестирање не е толку важно, но наведе дека огромен број луѓе мислат дека го прележале коронавирусот бидејќи таа инфекција настапи веднаш по епидемијата на грип, па многу луѓе сметаат дека имале коронавирус, а не грип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега