Црна Гора речиси еден месец без ниту еден заразен

 

 

 

Заклучно со денеска Црна Гора 28 дена официјално нема регистрирано случаи на заразени со коронавирусот.

 

Како што соопшти тамошниот Институт за јавно здравје, од вчерашниот пресек анализирани се 86 примероци за коронавирусот.

 

-Бројот на активни случаи останува нула, се вели во соопштението.

 

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата регистрирани се 324 случаи на заразени, се опоравија 315, а девет починаа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега