Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

„По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен“, напиша Ганиу на „Фејсбук“.

Тој вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период.

„Од оваа положба уште еднаш апелирам и ве молам за внимание, почитувајте ги заштитните мерки и препораките“, се вели во објавата на чаирскиот градоначалник.

Ганиу вчера потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега