Словенија поради мигрантите распореди 1.000 полицајци на границата со Хрватска

Словенија на границата со Хрватска распореди дополнителни, повеќе од 1000 полицајци поради зголемениот прилив на мигранти од таканаречената балканска рута, објави полицијата.

Во последните две недели е забележан зголемен број илегални мигранти на балканската рута, им рече на новинарите заменик главниот директор на полицијата Јоже Сеница.

Полицијата ќе го зголеми надзорот на делови од границата во надлежност на полициската управа Љубљана, Ново Место и Копер, кои инаку се најизложени на илегални преминувања.

Во акцијата која ќе трае до петок полицијата ќе ги користи сите расположливи технички средства и како и досега ќе ѝ помагаат припадниците на војската, рече Сеница.

Говорејќи за илегалните миграции, премиерот Јанез Јанша во понеделникот вечер најави дека неговата влада ќе ја заостри политиката кон илегалните мигранти по одлуката на Европскиот суд дека не постои колективно право на азил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега