12 позитивни случаи во авион кој слетал во Атина - сите патници во карантин

Во авион со 91 патник на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на Ковид-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од заразените, девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко- јапонско семејство.

Според протоколот што се применува во Грција, сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, што воедно е единствениот отворен за меѓународни летови, се тестираат за Ковид-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин. Оние кои што се позитивни, остануваат 14 дена, додека пак за оние кои што се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една седмица во карантин, по што се повторува тестот.

Оваа e пракса во Грција  во изминатиот период, со оглед на тоа дека не постои забрана за летови за сите земји.

Од 15 јуни, кога и официјално ќе започне туристичката сезона во Грција, тестирања ќе се прават само по случен избор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега