ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе остане изолирана, а граѓаните ќе заболуваат и умираат, доколку власта не преземе одговорност

СДСМ и Заев катастрофално се справуваат со пандемијата во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Тие наведуваат дека бројот на новозаразени од Ковид-19 секојдневно зголемува. Додека сите земји во регионот излегуваат од кризата, Република Македонија за последните недела дена има 368 ново заразени и 25 починати.

„Бројката станува се поаларамантна, а на СДСМ и Заев не им е гајле за тоа. Тоа само докажува дека не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам  сакаат избори и тераат кампања. Кампања каде бројката на излезеност ќе биде многу помала, а со тоа мислат дека ќе го ублажат поразот.

Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата.  Нема никаква нова мерка или некој нов протокол што е уште еден доказ дека се тотално изгубени во целата ситуација.

И Комисијата за заразни болести наместо да предложи мерки кои ќе бидат за заштита на здравјето на граѓаните, тие спроведуваа мерки по диктат на Заев.

Овие три години откако се тие на власт  освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не виде ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот. Трите години власт на СДСМ и Заев донесоа хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија и тоа народот ќе  знае да го казни соодветно“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа