Се уште се бори за живот тетовското семејство кое се затру со печурки - цела Европа праќа противотров

Нема значителни промени во здравствената состојба на затруеното тетовско семејство. Осуммината родинини кои изеле  отровни печурки сеуште се во тешка состојба и сер на одделот за Интензивна нега на Клиниката за токсикологија. Во клиничите резултати има благо подобрување кај некои пациенти, меѓутоа лабораториските анализи не се добри, вели за zdravstvo24.mk д-р Андон Чибишев.

-Вчера попладне беше направена и втората активна метода за чистење на организмот од отрови. Беше  промената затруената плазма од крвта, а на секој од нив им се  дадени по 12 кеси крвна плазма. Од Клиниката за трансфузиологија беа донесени 60 кеси плазна за да ги спасиме пациентите, вели за zdravstvo24.mk д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.

Многу европски болници пружиле помош во лекуњето на тетовското семејство.  Клиничките центри од Љубљана, Загреб, Осло вчера попладне испратиле антидоти (противотрови). Една ваква трерапија за еден пациент чини 36.000 евра. Антиотровите се донација од државите. Помош во совети за лекување дале  и од неколку болници од САД и Германија. Клиниката за токсикологија која е членка на европската агенција за контрола на труењата  вчера писмено  ги известила останатите држави членки дека имаат пациенти со тешки труења. Сите почнаа да се солидаризираат, вели д-р Чибишев.

-На пациентите кои се во потешка состојба уште синоќа им дадовме терапијата за антиотрови, доадава д-р Чибишев.

Под постојан надзор на лекарите е и петмесечното бебе кое го затрула мајката преку млекото. Тоа е хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Другите затруени се на возраст од 23 до 75 години. Поширокото тетовското семејство во неделата попладне јадело отровни печурки од видот аманита вироса кои се едни од најотровните, а се слични на шампињоните. Им ги донел родинина кој ги собрал на Шар Планина.

23.10.2013 - 12:22

најчитано сега