Заев: Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас

Само со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од два метра и да нема групирање, наведе на неговиот фејсбук-профил, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој нагласи дека коронавирусот е реалност и никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.

– Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој. Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик. Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас, апелир Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2020 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега