Мицкоски: Заев наликува на политички очајник, се обидува да преживее жртвувајќи ги соработниците и граѓаните

Нема дилеми, Зоран Заев е подготвен на се’ за да си обезбеди каков-таков политички спас и помал пораз на изборите, вели во интервју за Курир претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Им порачува на СДСМ и на нивниот лидер дека се политички готови, но апелира и до граѓаните да не потпаѓаат на пропагандата од кујната на владејачката партија која секогаш се засилува сразмерно со губењето на позициите и гласовите. Признава дека се плаши, но само и единствено за животите на граѓаните кои би ги ризикувале со избрзани избори стокмени по ќефот на Заев.

Мицкоски во однесувањето на политичкиот опонент гледа несмасна доза на некрофилија, лик кој честопати се однесува незрело и изгледа како очајник кој што панично се бори да преживее политички и по цена на животите на најблиските соработници.

Лидерот на опозицијата во интервјуто за Курир човечки ги советува и замолува луѓето кои што се дел од тимот на Заев да внимаваат на сопственото и на здравјето на нивните партиски активисти, како и на здравјето на граѓаните, бидејќи животот, како што вели Мицкоски, нема цена.

На прашањето на новинарот Љупчо Цветановски, зошто за СДСМ секогаш и за се’ се виновни само тој и министерот Наќе Чулев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа е дел од нивниот извртувачки фолклор и стратегија во која за сопствените неуспеси на експонентите на екс Бихаќка, секогаш се виновни граѓаните и опозицијата.

Избрзаното укинување на мерките со цел создавање розова слика за избори, Мицкоски го оценува као трагично, неодговорно и непрофесионално и за жал на огромна штета врз здравјето на граѓаните и интересот на Македонија како држава.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2020 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа