Мицкоски- Туск: Најпрвин треба заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари телефонски разговор со Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск.

Мицкоски извести дека разговарале за здравствената и политичка состојба на државата и регионот.

„Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект.

Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните.

Разговаравме и за нашата соработка во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија  при што ја истакнав важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија. Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза.“ соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2020 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега