Ѓорѓиевски: Русковска да го повика Заев и да го вештачи неговиот телефон

Вилма Русковска го штити Зоран Заев, кој е главата на криминалниот октопод во Република Македонија, обвини на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што нагласи тој, во случајот „Рекет“ неколку пати било посочено дека во телефонот на Заев има комуникација којашто е важна за расветлување на целиот случај, но, сепак, телефонот не бил одземен за вештачење.

„Што сака Русковска да сокрие? Дали во телефонот на Зоран Заев има кореспонденција и комуникација која директно укажува на него како капо ди тути капи на целата рекетарска шема во Македонија?“, праша претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој нагласи дека ЈО молчи во однос на вмешаноста на Заев и на секое негово спомнување ја свртува работата во друг правец.

Ѓорѓиевски рече дека ова се прашања на кои истрагата мора да се насочи, ако не сега, тогаш со воспоставувањето на правната држава во Македонија, кое според него, ќе се случи со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега