Јанкулоска го разгледа Тренинг центарот на специјалните полициски сили на Кина

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која е во посета на НАродна Република Кина, денеска ја посети Академијата и тренинг центарот на специјалните полициски сили каде оствари средба со челните луѓе на полициските вооружени сили.

Од мВР информираат дека на министерката Јанкулоска и биле демонстрирани капацитетите, начинот на работа и ингеренциите на единиците кои покриваат физичко обезбедување, антитерористички активности, спречување на нарушувањата на јавен ред и мир, помош при катастрофи и непогоди,...

Во текот на разговорите двете страни понудиле можност за размена на искуства и знаења.

Според најавите, Јанкулоска утре во Шангај ќе го посети седиштето на шангајската полиција.

23.10.2013 - 13:27