ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е најголем ковид кластер во Република Македонија (ВИДЕО)

СДСМ не знае и не умее да се справи во корона вирусот во државата. За тоа покажува и висока бројка на новозаразени и починати во државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради нивната желба за избори и фотелја голем број на функционери заминаа во самоизолација, а и неколкумина излегоа позитивни на Ковид 19.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекирии поради контакт со него во самоизолација се Мила Царовска, Оливер Спасовски, Дамјан Мачевски, директорот на финансова полиција, директорот на служебен весник, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

СДСМ е најголем кластер во Македонија. Не внимаваа ниту на себе, ниту на граѓаните.Нивната неодговорност им се удри од глава.

Заслепени од желбата за власт го изгубија компасот“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега