ВИДЕО: И понатаму напнато во Будва - полицијата пред општинската зграда, се собраа и граѓаните

Претседателот на Општина Будва Марко Царевиќ влегол во зградата на Општина Будва. Тој е во канцеларијата, заедно со Владимир Булатовиќ и Снежана Куќ, кои мнозинството во локалниот парламент ги прогласи за вршители на должноста претседател на Општината. Зградата на Општината е во хаос, секаде има отпад, а вработените полека влегуваат.

Царевиќ избегнал да се ракува со Булатовиќ, а во кабинетот се и шеф Никола Јовановиќ, секретарот за инвестиции Младен Микијељ, пренесуваат Вјести.

Во својот кабинет со соработниците пристигнал и претседателот на СО Будва, Крсто Радовиќ. Тој порачал дека Општината е ослободена. Радовиќ тргнал на состанок.

Пред влегувањето на Царевиќ и Радовиќ избиле тензии пред зградата на Општината бидејќи Булатовиќ на повика на Мијомир Пејовиќ излегол пред зградата на Општината. Тогаш настанал хаос. Приватното обезбедување се нафрлило на припадник на Демократскиот фронт Ѓорѓе Вујовиќ. Граѓаните се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, но одборниците ја смириле масата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега