Кризата во Италија не стивнува: 66 нови смртни случаи

Бројот на жртвите од епидемијата на коронавирус во Италија порасна денеска за 66, а забележани се уште 333 нови случаи на зараза, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита.

 
Од почетокот на епидемијата на 21 февруари вкупно од коронавирусот починаа 34.514 лица, со што Италија се најде на четвртото место по бројот на жртви, после САД, Бразил, Велика Британија.
 

Досега се заразени 238.159 луѓе, а бројот на активни случаи се нешто помалку од 24.000, пренесува Ројтерс.

Оздравеа 180.544 лица. На интензивна нега се 168 пациенти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега