Кои се кандидатите за Претседател на Македонија

Стојанче Ангелов, Петар Гоешв и Срѓан Ќерим се имињата кои кружат во македонската јавност како можни кандидати за наследник на Претседателот Ѓорѓе Иванов, доколку валдејачката партија не се одлучи да го кандидира за нов 5 годишен мандат. Со исклучок на Стојанче Ангелов кој и самиот ја најави кандидатурата, информациите на остнатите кандидати се на ниво на шпекулации, бидјеќи политчките партии на оваа тема не се расположени да разговараат. Уште пред да се  исклучи името на Ангелов кој според сите анкети нема шанси да влезе во вилата на Водно, јасно е дека битката ќе се води меѓу најголемите македонски политчки партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
На Бихаќка владее молк околу името на нивниот кандидат. Медиумите блиски до нив веќе шпекулираат дека Заев е во преговори со екс гувернерот Петар Гошев. Според пишувањата, Гошев се колеба дали да влезе во претседателската трка, особено што партијата не може да му гарантира победа над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. 
Во владејчката партија иста ситуација. Никој од таму не зборува дали Иванов ќе добие шанса за нов мандат или партијата ќе оди со нов кандидат. Иако се шпекулираше со името на министерот за финансии Зоран Ставрески, на помалку од 5 месеци до изборите таков расплет станува се помалку веројатен. Во игра влезе и името на Срѓан Ќерим, но нема инфорамции дали тој е расположен да ја прифати кандидатурата, односно да учествува на внатрепартиските избори во ВМРО-ДПМНЕ кои партијата ги спроведува. 

23.10.2013 - 22:34

најчитано сега