Дебарец преку лажен профил на социјална мрежа се заканувал на девојка и нејзиниот вереник

49-годишен дебарец заработи кривична пријава поради упатување закани кон 25-годишна девојка и нејзиниот вереник. 

 

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Л.Л.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. Пријавениот  во подолг период преку лажен профил од социјална мрежа упатувал закани по животот на Л.А. (25) и нејзиниот вереник С.И., велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега