Конференција за Е-влада

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе се обрати на Конференцијата за Е-влада, на која ќе бидат презентирани достигнувањата на македонската Влада во развојот на „Е–влада“. На денешната конференција ќе биде презентиран и моменталниот статус и идните ИКТ планови на одредени владини институции.

Конференцијата е во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, француската Амбасада во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства-АДЕТЕФ и Француската агенција за промоција на извозот-UBIFRANCE. Свое обраќање пред присутните ќе имаат и амбасадорката на Република Франција,  Лоренс Оер и претседателот на Управниот одбор на МАСИТ,  Слаѓан Михајловски.

На конференцијата ќе бидат споделени искуствата на француските компании и капацитетот на македонските компании од ИКТ индустријата во делот на градење и развојот на „Е - Влада услуги и решенија“.

Со поддршка на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, за компаниите-учеснички на конференцијата ќе бидат организирани деловни средби со цел воспоставување на потенцијална соработка помеѓу македонските, компаниите од регионот и Западна Европа, а ќе биде организирана и панел дискусија за асоцијациите од регионот кои ќе дискутираат за извоз на софтвер и ИТ услуги.

Конференцијата е поддржана од: Македонски Телеком, Инфомедиа, ОНЕ, Неоком, Реактив и Фупол.

24.10.2013 - 09:08
Фото: 
алфа.мк

најчитано сега