Голема акција на грчката полиција - фатени стотина крадци и џебчии

Грчката полиција во голема акција разби голема мрежа од стотина крадци и џепчии. Во групата во чиј состав биле Алжирци, Ирачани, Авганистанци, Тунижани, Палестинци и Сиријци и била вмешана во 483 кражби, а најчесто мета на кражба биле туристи и повозрасни лица кои го користеле јавниот транспорт.

Исто така, припадниците на групата извршувале кражби и во автомобили, станови и продавници во Атина, на островот Крит, во Патра и во Солун. 

24.10.2013 - 09:16
Фото: 
мтв