„Не“ за нови мерки за штедење во Грција

Нова демократиија и ПАСОК постигнаа одлучија да кажат „не“ за новите мерки за штедење во Грција, објави „Етнос“.

Според информациите на весникот, премиерот Андонис Самарас и неговииот заменик и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос договориле програмска рамка за соработка во вледејачката коалиција составена од 43 точки меѓу кои и тоа Самарас да остане премиер до крајот на мандатот на актуелната влада, да не потпишува повеќе меморандуми за кредити и да ги исполни преземените обврски кон меѓународните кредитори.

Според Самарас и Венизелос, грчката економија и општество не можат да издржат повеќе рестрикции.

24.10.2013 - 09:27

најчитано сега