Скопјанец претепан: Три лица му впериле пиштол во главата и се заканувале, па пукале во воздух

 

Скопјанец бил нападнат од три лица на „Дижонска“. Му впериле пиштол во главата и му се заканувале, а потоа испукале два куршуми во воздух и си заминале.

„На 25.06.2020 во 23,55 часот во СВР Скопје, М.А.(39) од Скопје пријавил дека околу 23,35 часот пред неговиот дом на ул.„Дижонска“ физички бил нападнат од три лица, кои му впериле и пиштол и му упатиле закани по неговиот живот и животот на неговиот брат, по што испукале куршуми во воздух и го напуштиле местото на настанот.“ соопштува полицијата.

По извршен увид на местото на настанот од полициски службеници биле пронајдени две чаури од пиштолска муниција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега