Спасовски: Вклучен е и моторот правда по евро-атлантските интеграции, за брза развојна економија

 
Ова е голем ден за правдата во нашата држава, а со тоа и за брзата развојна економија што ја најавуваме во следниот 4-годишен мандат, рече денеска на прес конференција ви Старо Нагоричане, Оливер Спасовски, носител во ИЕ 2.
 
„Денеска стапи на сила Законот за јавно обвинителство, со којшто ги поставивме основите за правната држава, со којшто сите предмети што го отвори СЈО се спасени и се гарантира судска разрешница - и покрај сите блокади што ги правеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
 И од државниот јавен обвинител се слушна денеска уверување дека сите предмети ќе добијат судска разрешница и тоа така мора да биде и ќе биде, за да биде задоволена правдата. Правда за сите ветивме и остваруваме. Режимските остатоци во судстството и врвот на ВМРО-ДПМНЕ тоа не успеаја да го спречат. И во следните 4 години целосно ја заокружуваме оваа цел, со прочистување на правосудството од корумпирани судии и обвинители поврзани со режимот што го поразивме на претходите избори.“ рече Спасовски.
 
Тој нагласи дека на овие избори ќе продолжиме по правиот пат, во правна држава со што додаваме уште еден мотор, покрај евро-атлантските интеграции, во брзата развојна економија со повисоки плати и пензии и нова поголема финансиска поддршка на младите луѓе во следните 4 години.
 
„Препреките за развој на економијата се надминати. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и тоа даде резултат од  624 милиони евра странски инвестиции, најмногу во Југоисточна Европа, со што ја завршивме 2019 година, а денес се веќе над 660 милиони евра.
 
Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме и ако на стартот на интеграциите имаме  660 милиони евра странски директни инвестиции - со почетокот на преговорите со ЕУ и со воспоставената функционална правда што ја бараат инвеститорите, со право најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот.
 
Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови. И ќе има и просечна плата од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари во следните четири години.
 
На прав пат сме, на патот на развојна економија, во праведна и правична држава којашто се грижи за сите, на патот на европска Македонија и продолжуваме кон сигурна иднина напред, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро. “ рече Спасовски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега