Подгответе се за рано стемнување - почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето ќе почне во недела на 27. октомври, со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад. Така, три часот по полноќ ќе се смета како два часот.

Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот на Германија прв пат го воведува летното сметање на времето.

Причината за преминот од летно кон зимско време била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но притоа не дозволувајќи драстични промени одеднаш. 

 

24.10.2013 - 11:26
Фото: 
dw.de