Универзитетот „Св, Апостол Павле“ и „Ассеко СЕЕ“ ја официјализираа соработката

Универзитетот за Информатички науки  и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и ИЦТ компанијата „Ассеко СЕЕ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.

Целта на овој меморандум  е да се официјализира  соработката помеѓу Универзитетот и „Ассеко СЕЕ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, заемно учество во работилници, професионални и академски средби, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните и апликативните активности од областа на информатичките науки и технологии од страна на потписниците.

Ассеко СЕЕ“ Македонија успешно работи на развој, имплементација и техничка поддршка за решенијата во финансискиот, телекомуникацискиот и јавниот сектор.

Ассеко групацијата е најголемата ИТ компанија во југоисточна Европа според приходите од сопствени продукти и услуги и една од водечките 10 ИТ компании во Европа. Покрај матичната земја Полска, групацијата вклучува компании кои работат во централна, југо-источна, југо-западна, севернаЕ вропа и Израел.

 

 

 

24.10.2013 - 13:10

најчитано сега