Изрешетал три лица со куршуми и побегнал - пукотници го потресоа Марибор

Во словенечкиот град Марибор денеска се случи хорор кога засега непознат сторител без никаква причина со оружје уби три лица во центарот на градот.

Настанот се случил нешто пред 12 часот кога се слушнало пукање во градот. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а граѓаните се предупредени да не се приближуваат на местото на настанот, особено бидејќи напаѓачот е во бегство. Полицијата засега не верува дека денешното злосторство е поврзанo со вчерашното пукање во Марибор кога се работеше за пресметка на мафијаши.

Во близина на местото на настанот има и градинка и училиште каде што засега специјалци ги чуваат дечињата и не им дозволуваат да ја напуштат зградата.

 

24.10.2013 - 13:50
Фото: 
Дневник