Тестирани 13 мигранти во „Винојуг“ - нема опасност за населението

Здравствената ситуација во ПТЦ „Винојуг” во Гевгелија е целосно под контрола и надзор на гевгелиската подрачна единица на Центарот за јавно здравје, не само по однос на Ковид-19, туку и на сите сезонски болести кои се појавуваат меѓу мигрантите.

 

Епидемиологот д-р Сашо Олумчев вели дека со налог на јавен обвинител сите сомнителни случаи се тестираат и моментно нема опасност по населението на Општина Гевгелија.

– Во текот на вчерашниот ден беа тестирани 13 мигранти, а до овој момент во центарот имаше само еден сомнителен мигрант кој веднаш беше изолиран додека се чекаше неговиот резултат, рече Олумчев.

Стабилната безбедносна и здравствена ситуација во центарот, каде што моментно престојуваат 25 мигранти, денеска ја потврди и раководителот Зоран Лазаревски.

– Мигрантите кои моментно се наоѓаат тука се сместени во посебни контејнери за живеење,кои располагаат со систем за ладење и со сите неопходни услови за нормален престој. Секогаш кога е потребно добиваат медицинска заштита. Многу е мал бројот на оние кои побарале азил кај нас оти во принцип скоро сите сакаат да стигнат до некоја европска дестинација, рече Лазаревски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега