ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сами си се блокираат во Центар - штетата ја трпат граѓаните

Денешната седница на Советот во Центар покажа дека за СДСМ е поважно политиканството, наместо интересите на граѓаните, реагира денеска Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар. Според него, излегувањето на советниците на СДСМ од седницата на Советот која сами ја свикаа, ја покажува целокупната фарса на СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ сами себе се блокираат во Општина Центар, нанесувајќи им штета на граѓаните.      

-Советниците на СДСМ и нивната коалиција по своја иницијатива ја свикаа оваа седница на чиј дневен ред беше разгледувањето на програми на 3 градинки и едно основно училиште и наместо да се донесе одлука во интерес на граѓаните, тие самите неодговорно ја бојкотираа Општина Центар, рече денеска Лазаров.

Лазаров истакна дека со секое закажување на седница прават нови трошоци. Секоја закажана, а неодржана седница, рече тој, паѓа на товар на граѓаните на Центар.

 

 

-Би сакале да потенцираме дека Советниците од коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ беа подготвени да ги поддржат овие точки на дневен ред и на тој начин да покажат дека секогаш кога во интерес на граѓаните треба да се донесат одлуки, ние конструктивно ќе учествуваме во работата на Советот. Ние немаме намера да правиме театар како што прави СДСМ од случај кој што го водат надлежните институции. Ние имаме намера да работиме за граѓаните на Центар, бидејќи од нив сме ја добиле довербата токму за тоа, рече денеска Лазаров.

24.10.2013 - 14:49

најчитано сега