Германскиот министер објаснува: Вториот бран од коронавирусот е реална закана, тоа што го видовме на Мајорка загрижува
Заканата од вториот бран на коронавирусот е „реална“, предупреди денеска германскиот министер за зддравство Јенс Шпан и ги повика сонародниците кои се на одмор на Балеарските острови да ги почитуваат здравствените мерки.
Шпан посебно бил загрижен поради ситуацијата на Мајорка, омиленото летувалиште на Германците.
-Сликите кои ги видовме на омилениот остров на Германците, Мајорка, ме загрижуваат. Мораме да бидеме многу внимателни Балеари да не стане вториот Ишгл - рекол Шпан, мислејчи на австриското скијачко место кое минатата зима стана европско жариште на коронавирус.
На видео снимка се гледаат неколку германски и британски туристи, некои пијани, како се забавуваат по улиците на Мајорка, не носат маска ниту одржуваат физичка дистанца.
-Заканата од вториот бран е реална - оценил Шпан, кој стравува од зголемување на бројот на заразени Германци по враќањето од домор.
Во Германија денеска се регистрирани 159* новозаразени лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа