ВИДЕО: Се исчезнало за 5 секунди - поплава во Кина однела куќа како на шега
По долината на реката Јангце забележани се врнежи какви не се паметат во последните 50 години, а во поплавите досега загинале најмалку 141 лице.
Поплавите носеле се пред себе, па и големи куќи.
Во провинцијата Џангси, на југот од земјата, надојдената река како на шега однела двоспратна куќа.
Прво било поплавено приземјето, а потоа цела куќа се превртела и се срушила во вода. Сето тоа траело околу 5 секунди и делувало застрашувачки.
Да потсетиме, најмалку 140 лица настрадаа и исчезнаа во полавите во централните и источните области на Кина, а сега е загрозен и Вухан, градот од каде започна пандемијата коронавирус.
Најголеми поплави имало во 1198 година во Кина, кога настрадале повеќе од 4.000 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа