Денеска гласаат вкупно 419 изнемоштени лица од Крива Паланка и Ранковце
Вкупно 347 болни и изнемоштени лица од Крива Паланка и 72 од Општина Ранковце денеска имаат можност да го остварат своето избирачко право за претстојните парламентарни избори.
Во седум часот утрово е отворено избирачкото место број 0942 каде денес во Одделението на казнено-поправна установа во Крива Паланка каде што во моментот казна затвор издржуваат вкупно седум затвореници.
– Во текот на вчерашниот ден сите избирачки одбори го подигнаа изборниот материјал, а правото на глас го остварија и регистрираните пет лица позитивни на вирусот Ковид-19 од Крива Паланка. Како општинската изборна комисија ги направивме сите подготовки за изборниот циклус да биде максимално безбеден по здравјето на граѓаните, согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Извршена е дезинфекција на сите просториите во кои ќе се одвива гласањето, а денешното гласање на болни изнемоштени се одвива непречено, како и во затворот, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.
Во Крива Паланка право на глас имаат 16.965 граѓани, кои гласаат на вкупно 47 избирачки места, а на 13 избирачки места своето право на глас ќе можат утре да го остварат 3010 жители на Општина Ранковце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа