Софија Куновска е новиот претседател на скопските социјалдемократи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја назначил Софија Куновска за претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, информираат денеска од СДСМ.

-Именуваните претседатели се избрани на Отворен повик за самокандидирање, односно низ внатрепартиска процедура пропишана во  Статутот на СДСМ и Одлуката за распишување на внатрепартиски избори, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во Општинските организации и Градската организација на СДСМ усвоени на Третата седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на 30 јуни годинава, соопштуваат од опозициската партија.

24.10.2013 - 15:42

најчитано сега