Откриени останки од 268 лица во масовна гробница во БиХ

Босанските екипи за судска медицина ексхумираа останки на 268 лица, за кои се смета дека се убиени пред две децении од српски сили и закопани во масовна гробница.

Масовната гробница содржела 200 цели скелети и делумни остатоци од 68 лица. Најверојатно станува збор за останки на босански муслимани и хрвати, убиени летото 1992 година, на почетокот на војната во БиХ.

Според податоците на Меѓународната комисија за исчезнати лица од околу 30.000 исчезнати за време на конфликтот во БиХ досега се пронајдени околу 20.000 лица, од кои повеќето се мртви, а за останатите 10.000 се уште не се знае ништо.

24.10.2013 - 15:48

најчитано сега