Хрватската актерка која трагично го загуби животот ќе биде погребана утре

Два дена по страотната несреќа во која го загуби животот, младата хрватска актерка Долорес Ламбаша ќе биде испратена во вечното живеалиште утре во својот роден град.

Погребот ќе се одржи во Шибеник, во 16 часот, пренесува Шибеникпортал.хр.

На погребот освен нејзините семејство и пријатели, се очекуваат и голем број нејзини фанови кои неутешно оставаат пораки на нејзиниот Фејсбук профил.

За потсетување, Долорес го загуби животот вчера во страотна сообраќајна несреќа која се случи на хрватскиот автопат А3.

24.10.2013 - 16:17