Тачи: Падна договор меѓу СДСМ и ДУИ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вели дека СДСМ е во договор со ДУИ заедно да го урнат Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. Според Тачи  причината е незадоволството во ДУИ што Вељаноски не дозовлувал потпретседателот од редовите на Албанците да ја води седницата на албански јазик.

Тоа сигурно се договориле со ДУИ. Да, да, тоа беше идеја на ДУИ и гопсоѓата Сузана Салиу, која ни ја дадоа и нас, да направиме интерпелација на Вељаноски, кој не и дозовлува на заменичката да зборува на албански“ - вели Тачи.

СДСМ денеска побара разрешување на Вељаноски затоа што не закажал седница на барање на опозицијата.

24.10.2013 - 18:18

најчитано сега